Линкови за пристапност

Пораст на сиромаштијата меѓу децата во САД


Пораст на сиромаштијата меѓу децата во САД

Пораст на сиромаштијата меѓу децата во САД

Најлоша ситуацијата во Мисисипи, најдобра во Њу Хемпшир

Ново истражување наведува дека стапката на сиромаштија меѓу децата во САД се зголемила во 38 сојузни држави во последната деценија, напоредно со навлегувањето на економијата во рецесија.

Годишното истражување на фондацијата Ени Е. Кејси наведува дека 20% од сите деца во САД живееле во сиромаштија во 2009-та, споредено со 17% во 2000-та. Бројот на сиромашни деца се зголемил за 2,5 милиони на 14,7.

Јужната сојузна држава Мисисипи го задржа последното место на листата, а веднаш над неа се соседните Луизијана и Алабама. Њу Хемшир во североисточниот дел на САД води како држава со најдобра благосостојба за децата, а потоа следат Минесота и Масачусетс.

XS
SM
MD
LG