Линкови за пристапност

Поштарите во САД остануваат без работа


Поштарите во САД остануваат без работа

Поштарите во САД остануваат без работа

Најмалку 30 отсто од вработените во американската поштенска служба ќе бидат отпуштени заради големите загуби

Забавената економија и зголеменото користење на електронска пошта и „умни телефони“ ја принудија американската пошта да размислува за драстични мерки.

Предлозите кои ги објавија американски медиуми покажуваат Поштенските служби сакаат да излезат од постоечките синдикални договори и да елиминираат околу 30 отсто од работната сила во наредните четири години.

Предлозите предвидуваат поштата да отпушти 220.000 од вкупно 560.000 лица кои имаат статус на редовно вработени. Околу 100.000 работни места се планира да бидат згаснати со заминување на вработени во пензија и врз база на доброволен прекин на работниот однос. Останатите ќе дојдат од отпуштања.

Во друг предлог се бара од поштата да се повлече од владините планови за здравствено и пензиско осигурување и да основа свој план со цел да ги намалат трошоците.

Поштенските служби се владина агенција, но е поставена да работи како приватен бизнис без владино финансирање.

И покрај кратењето од 110.000 работни места во изминатите години, Американски пошти лани завршија со загуба од осум милијари долари и се очекува да загубат уште толку оваа година.

XS
SM
MD
LG