Линкови за пристапност

Ромни чекор поблиску до партиската номинација за претседателските избори


Победи на прелиминарните гласања во главниот град Вашингтон и сојузните држави Мериленд и Висконсин.

Републиканскиот претседателски претендент Мит Ромни е се` поблиску до освојувањето на партиската номинација за претседателските избори.

Поранешниот гувернер на Масачустес синоќа победи на прелиминарните избори во главниот град Вашингтон и сојузните држави Мериленд и Висконсин. „Голема победа во кампањата да го возобновиме она што Америка го ветува“, изјави Ромни, прославувајќи ја победата.

Во Вашингтон и Мериленд Ромни победи со голема разлика пред кандидатот што покрај него има освоено најмногу гласови – поранешниот сенатор Рик Санторум. Разликата беше нешто помала во Висконсин, каде Санторум беше во интензивна кампања. Во трката се и поранешниот претседател на Претставничкиот дом Мит Ромни и конгресменот Рон Пол.

Со тројната победа, Ромни е чекор поблиску до освојување на 1144-те изборни делегати по сојузни држави, неопходни за добивање на партиската номинација за ноемвриските претседателски избори против Барак Обама во ноември годинава.

И Ромни, И Обама, вчера дадоа увертира во евентуалниот дуел. Ромни во говорот пред симпатизерите во Висконсин го нападна економскиот учинок на Обама, велејќи дека во владино-центрираната визија на претседателот, владата мора да прави повеќе отколку што треба бидејќи економијата е осудена на тоа да прави помалку. Обама, пак, претходно го нападна републиканскиот буџетски план, поддржан од Ромни, како „радикална визија“ за земјата.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG