Линкови за пристапност

Иран отворен за разговор за нуклеарната програма


На првиот јавен настап на светската сцена, новиот ирански претседател рече дека „носи мир и пријателство од Иранците до Американците“

Иранскиот претседател Хасан Рухани вели дека е отворен за транспарентен и непосреден дијалог со САД и Западот во врска со иранската нуклеарна програма.

Говорејќи на Генералното собрание на ОН во Њујорк, тој ја повтори долгорочната позицијата на неговата земја дека Иран има право на мирољубива нуклеарна програма, вклучувајќи го и збогатувањето на ураниумот. Тој додаде дека нуклеарното оружје и оружјето за масовно уништување немаат место во иранската доктрина и оти меѓународните санкции нанесуваат штета на домашната економија и на неговиот народ.

Обраќањето на Рухани го одбележа првиот негов настап на светската сцена. Неговиот избор во јуни поттикна нова дипломатска динамика од владејачкиот ирански естаблишмент.

За Си-Ен-Ен, тој рече дека „севкупните односи се менуваат“ и затоа Иранците сакаат нова ера на релации со светот. Тој исто така рече дека „носи мир и пријателство од Иранците до Американците“.

Претходно, американскиот претседател Барак Обама во Генералното собрание порача дека го задолжил државниот секретар Џон Кери да бара дипломатско решение за иранската нуклеарна програма. Обама рече дека силно верува оти „дипломатската патека со Иран треба да биде тестирана“.
XS
SM
MD
LG