Линкови за пристапност

Американската влада го истражува работењето на банките пред рецесијата


Џеј Пи Морган Чејс веќе понуди да плати 13 милијарди долари поради лабавите финансиски процедури

Најголемата американска банка Џеј Пи Морган Чејс веќе се согласи на владата да и` плати прелиминарна казна од 13 милијарди долари поради лабавите финансиски процедури во периодот непосредно пред земјата да западне во рецесија, но тоа е резултат на само една од истрагите што во моментов се водат против банките во земјата.

Казната против Чејс би била најголема против една американска компанија воопшто, но владата го одби понудениот паричен износ со кој би завршила криминалната истрага за квалитетот на обврзниците што банката ги продала на инвеститори, меѓу кои и илјадници кредити за домување што позајмувачите не ги исплаќале навреме, поради што обврзниците речиси станаа безвредни.

Во изјавата за Гласот на Америка, банкарскиот аналитичар Берт Илај коментира дека во годините пред економскиот пад во 2008-ма, банките вршеле лабав преглед на кредитната вредност на позајмувачите, пред да им дадат кредит.

За жал, имаше многу виновни во бизнисот со кредити за домување, така што Џеј Пи Морган беше само еден од нив
„Имаше многу загуби. А, секогаш кога има загуби, инвеститорите кои ги претрпеле тие загуби започнуваат да бараат кој е виновен. За жал, имаше многу виновни во бизнисот со кредити за домување, така што Џеј Пи Морган беше само еден од нив“, вели Илај.

Влдата ги истражува и кредитните политики на други поглавни американски банки, како Бенк оф Америка, Голдман Сач и Морган Стенли.

Илај наведува дека иако американските банки имаат удел во рецесијата од 2008-ма - најлошата од времето на Големата депресија 1930-те, нивните постапки се мотивирани од фактот дека американските закони поддржуваат позајмување, за поголема економска активност.

„Би рекол дека многу од она што се случи всушност е продукт на американската банкарска регулатива и даночните закони, кои ги поттикнуваат бизнисите и поединците да земаат кредити“, смета Илај.

Засега не е утврден краен рок до кој Џеј Пи Морган би се требало да се договори со владата за казната. Прелиминарната понуда предвидува 9 милијарди како казна, и 4 милијарди за земачите на кредити. Милиони лица ги загубија свите домови, бидејќи не можеа да ги платат кредитите, откако загубија работа. Банката веќе издвоила најмалку 23 милиони долари за судската спогодба и за правните трошоци.

Илај смета дека ќе бидат потребни барем неколку години за да биде комплетирана истрагата на работењето на финансиските институции во целина, во периодот непосредно пред рецесијата.
XS
SM
MD
LG