Линкови за пристапност

Раст на инфлацијата во САД


Раст на инфлацијата во САД
Раст на инфлацијата во САД

Цените во малопродажбата минатиот месец скокнале за 0,8% и се за 6,9% поголеми од истиот период минатата година

Цените во малопродажбата минатиот месец во САД забележиле пораст од 0,8% и се за 6,9% поголеми од истиот период минатата година, соопшти владиниот Оддел за труд.

Порастот се должи најповеќе на поскапувањата на енергетските и прехранбените продукти.

Дел од економистите наведуваат дека факторите што доведоа до зголемување на цените се најверојатно привремени.

Надвор од енергетскиот и прехранбениот сектор, цените во севкупната економија нараснале за 0,2%, што економистите го сметаат за основна стапка на инфлацијата во САД.

Умерениот пораст на основната стапка на инфлацијата значи дека американската централна банка – Федералните резерви најверојатно нема да ги снижи каматните стапки за да го смири растот на цените.

Федералните резерви ги снижија каматните стапки на рекордно ниски нивоа во 2008-ма и` се уште ги држат така, во обид да поттикнат економски растеж.

XS
SM
MD
LG