Линкови за пристапност

Заклетва на новиот директор на ЦИА


Заклетва на новиот директор на ЦИА
Заклетва на новиот директор на ЦИА

Централната разузнавачка агенција денеска добива нов шеф – генералот во пензија Дејвид Петреус

Неодамна пензионираниот американски генерал Дејвид Петреус денес дава заклетва како 20-ти директор на Централната разузнавачка агенција.

Ова е церемонија без присуство на јавноста.

Генералот Петреус се пензионираше минатата недела по 37 години во армијата.

За време на подоцнежниот период на неговата кариера генералот Петреус помогна да се води армиската стратегија и политика во Ирак и Авганистан.

Местото директор на ЦИА остана упразнето кога Леон Панета ја напушти работата за да стане Секретар за одбрана на САД.

XS
SM
MD
LG