Линкови за пристапност

Обама стави потпис, владата има пари до 18-ти ноември


Обама стави потпис, владата има пари до 18-ти ноември

Обама стави потпис, владата има пари до 18-ти ноември

Мерката дава малку повеќе време Конгресот и Белата куќа да ги надминат разликите за владините трошоци

Американскиот претседател Барак Обама утрово ја потпиша мерката за краткорочен буџет на владата со која и` се доделуваат средства за непречено работење се` до 18-ти ноември.

Мерката претходно мина во Претставничкиот дом вторникот, а минатата недела и во Сенатот. Таа им дава на Конгресот и Белата куќа малку повеќе време да ги надминат разликите околу бројните буџетски мерки за финансирање на владиното работење во новата фискална година што започна на 1-ви октомври.

Буџетските битки веќе неколкупати годинава го парализираа официјален Вашингтон, така што на двапати владата беше на праг да стави катанец на врата, а беше снижен и кредитниот рејтинг на САД.

Аналитичарите коментираат дека натамошниот конфликт околу владините трошоци посекако нема да го крене рејтингот на Конгресот, што, според анкетите, е на рекордно ниско ниво од 12%.

XS
SM
MD
LG