Линкови за пристапност

Пентагон испраќа армиско засилување во Јужна Кореја


800 војници, заедно со тенкови и друга армиска опрема, подготвени за соочување „со секаква закана“.

Пентагон најави дека ќе испрати засилување од 800 војници во Јужна Кореја, заедно со тенкови и друга армиска опрема, во време кога американската влада се обидува да се спротистави на секаков вид на закана по регионот од страна на Северна Кореја.

Ова беше најавено денеска, напоредно со средбата на американскиот државен секретар Џон Кери со јужнокорејскиот колега Јун Пјанг-сеј во Вашингтон. Кери го искористи поводот да го увери Јун во заложбата на Вашингтон за нуклеарната одбрана на Јужна Кореја, за, како што кажа, „да бидеме подготвени да се соочиме со секаква закана“.

Кери рече дека со јужнокорејскиот колега се фокусирани на предизвикот што го претставува Северна Кореја со тамошните случувања во последните неколку недели. Неговиот коментар навидум се однесуваше на неодамнешната политичка чистка во која беше погубен вујкото на севернокорејскиот водач Ким Џонг Ан.
XS
SM
MD
LG