Линкови за пристапност

Планот на Обама не минува кај републиканците


Планот на Обама не минува кај републиканците

Планот на Обама не минува кај републиканците

Американскиот претседател Барак Обама го најави планот за намалување на дефицитот, но конгресните републиканци веднаш го отфрлија предлогот

Во говор од Белата куќа, Обама ги повика Американците, вклучувајќи ги богатите и корпорациите, да платат што е „фер“ во владините трошоци. Тој се закани со вето на секој предлог во кој ќе има кратење на медицинската нега за постари лица, ако истовремено не се зголемат даноците за богатите. „Не станува збор за класна борба. Се работи за математика„ рече тој.

Спикерот на Претставничкиот дом, републиканецот Џон Бејнер рече дека планот на претседателот врти една група Американци против друга. Републиканците велат дека зголемените даноци штетат на инвестициите и економскиот растеж. Тие сакаат намалување на дефицитот преку кратење на трошењето, вклучувајќи ги и трошоците за пензии и здравствена заштита за стари и сиромашни.

XS
SM
MD
LG