Линкови за пристапност

Нова рунда преговори за името


Нова рунда преговори за името

Нова рунда преговори за името

Амбасадорот Метју Нимиц ги поканил двете страни на нова средба на 16-ти и 17-ми јануари, на што тие се согласиле

Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за преговори за името меѓу Македонија и Грција, амбасадорот Метју Нимиц, ги поканил преговарачите од двете страни, грчкиот и македонскиот амбасадор, Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски, на средба со него во Њујорк на 16-ти и 17-ми јануари. Од кабинетот на Нимиц соопштија дека двете страни ја прифатиле поканата.

Амбасадорот Нимиц најпрво ќе се сретне одделно со двајцата преговарачи, во обид да се најде заемно прифатлив приод за заживување на разговорите со цел да се направи суштински напредок кон решавање на „прашањето за името“, се вели во соопштението од канцеларијата на специјалниот посредник во преговорите Метју Нимиц.

XS
SM
MD
LG