Линкови за пристапност

Судство без влијание од политиката


Судство без влијание од политиката

Судство без влијание од политиката

Дебата на Глобалната конференција на ОМД

На Македонија и` е неопходно независно судство, без влијание од политички партии, подвлекоа експертите кои учествуваа на дебатата за реформи во судскиот систем, во рамки на тридневната годишна средба на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) во Вашингтон.

Томас Пиблс, регионален директор за Централна и Источна Европа од Канцеларијата на Одделот за правда за судска помош за странство, наведе податок од анкета дека 50% од испитаниците во Македонија дале мито барем еднаш во животот. Тоа е алармантна бројка што мора да се искорени, рече Пиблс.

„Најголем предизивик за судскиот систем е да оствари и задржи независност од другите гранки на власта, особено извршната“, вели Ричард Стернс, судија во Окружниот суд во Бостон, кој работел на проект за реформа на правосудството на Македонија.

Стернс смета дека проблем е и возраста на која може да се стане судија во Македонија.

„Судиите не само во Македонија, туку во Јужна и Источна Европа, генерално гледано, се избираат на многу помлада возраст. Тоа не значи дека се лоши судии или немаат доволна обука, но личност на 25-28 години едноставно нема животно искуство и мудрост да донесе одлука што еден судија треба да ја донесе“, смета овој судија.

XS
SM
MD
LG