Линкови за пристапност

Кримскиот парламент изгласа приклучување кон Русија


Овој потег уште повеќе ја ескалира напнатоста додека европските лидери и САД бараат бараат дипломатско решение

Законодавците од проблематичниот украински регион Крим изгласаа приклучување кон Русија, потег што најверојатно дополнително ќе ја ескалира напнатоста.

Денешното гласање во кримскиот парламент кој има поддршка од Москва доаѓа во време кога лидерите од ЕУ се среќаваат на вонреден самит во Брисел со цел да извршат притисок врз Русија да ги повлече војниците од Крим. И американските законодавци денеска ќе расправаат за потенцијални економски санкции против Русија.

Владата во Крим, полуостров во Црното море со мнозинство руска популација, најави референдум за приклучување кон Русија на 16-ти март. Од рускиот претседател Владимир Путин е побарано да го разгледа барањето.

Oдржување референдум за статусот на Крим е „противуставно“
Павло Шеремета, украински министер за економија
Новинската агенција Ројтерс го цитираше украинскиот министер за економија Павло Шеремета, кој рекол дека одржување референдум за статусот на Крим е „противуставно“.

Чекорот на Крим да се отцепи од Украина најверојатно ќе ги поремети напорите за изнаоѓање дипломатско решение за кризата.

Лидерите на ЕУ разгледуваат можни санкции против Русија, но Европа е многу зависна од рускиот гас заради што е нејасно дали мерките што ќе ги усвојат ќе бидат повеќе од симболика.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук исто така присуствува на состанокот во Брисел. Средбата доаѓа откако 28-члената Унија и` понуди на Украина финансиска помош од 15 милијарди долари во следните неколку години.

Во меѓувреме, државниот секретар на САД Џон Кери се среќава со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Рим.
XS
SM
MD
LG