Линкови за пристапност

Нови немири во Турција


Полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите во Истанбул и Анкара

Турската полиција денес употреби солзавец и водени топови против демонстрантите во Истанбул и Анкара кои и натаму се собираат за да го изразат незадоволството од министерот Реџеп Таип Ердоган. Дел од демонстрантите возвратија, фрлајќи камења.

Во протестите што започнаа минатиот петок поради планот да се разруши парк во Истанбул, досега загинаа две лица, а стотици полицајци и демонстранти се повредени. Демонстрантите опстојуваат на барањето Ердоган да си даде оставка поради, како што наведуваат неговите критичари, авторитативниот начин на владеење и наметнувањето на исламски гледишта врз секуларната нација.

Турските државни водачи се обидоа да ја смират ситуацијата, додека турските сојузници ги повикаа и властите, и демонстрантите да обезбедат протестите да се одржуваат во мирна атмосфера.

Американскиот државен секретар Џон Кери синоќа коментираше дека насилството родило загриженост ширум светот, како и дека само Турците можат да ги решат главните проблеми во ситуацијата. Тој ја подвече американската поддршка за слободата на собирање и на печатот и додаде дека најмоќни земји се оние со отворени општества и политички системи.

Турскиот заменик-премиер Булент Аринч синоќа призна дека било погрешно да се употреби прекумерна сила против демонстрантите, како и дека владата извлекла поука од целата ситуација. Па, сепак, тој одби да се извини на оние за кои рече дека уништуваат јавна сопственост и се плеткаат во слободата на луѓето да протестираат.
XS
SM
MD
LG