Линкови за пристапност

Торонто – град на милиони вкусови


Торонто – град на милиони вкусови

Торонто – град на милиони вкусови

Мултикултурноста на метрополата се одразува и во рестораните

За оние кои сакаат да пробаат нешто ново - доминира француската, либанската и мексиканската кујна - комбинации на вкусови за кои не сте ни сонувале дека одат заедно. Луто и мед со месо, овошје со солени производи, разноразни зачини и маринади... За најсмелите, пак - пржени скакулци и ларви од мравки.

Иако во Торонто и предградијата неофицијално живеат 100.000 Македонци, нема ресторан каде исклучиво се служи македонска храна и специјалитети.

Торонто – град на милиони вкусови

Торонто – град на милиони вкусови

Смислата за подготвување на добра храна кај Французите е природна. Таков е впечатокот кога ќе посетите француски ресторан во Торонто. Таму за храната говорат со посебен жар.

По улиците на канадската метропола се добива впечаток и дека сте близу до – Блискиот Исток. Градот не е имун ниту на одредени арапски и турски јадења, што со текот на времето се одомаќиле и во грчката кујна.

Речиси 70% од жителите преферираат италијанска, тајландска, грчка, кинеска и јапонска храна, стои во подлистокот за кулинарство на „Торонто сан“.

Дали им недостига македонската кујна во Торонто на иселениците?

Скопјанката Маја Протугер, која со сопругот Огнен Георгиевски неодамна се преселила во Канада вели: „Се` уште не премногу, но некои работи ми недостигаат, како на пример дроб-сармата или сармите со лозов лист.

„Не баш. И кога ми недостига, ќе тргнам да барам и ќе налетам на нешто што е замена за тоа што го барам и е поинтересно или поегзотично, а е од друга кујна. Тука во Торонто има буквално се`“, се надоврзува Огнен Георгиевски.

Торонто – град на милиони вкусови

Торонто – град на милиони вкусови

Цената на оброкот не е пресуден фактор за да се посети ресторан што нуди етничка храна, барем така велат некои од жителите на Торонто со кои разговаравме. Сепак, бројките говорат спротивно. Забавената економија во САД, се чувствува и во Канада. Споредено со лани, како што објави весникот „Торонто сан“, има пад од 4% на оние кои ручаат или вечераат по ресторани. Се` попопуларно е нарачувањето на храна што се доставува бесплатно до домовите.

XS
SM
MD
LG