Линкови за пристапност

Торонто: разновидноста како стил!


Камерата на Гласот на Америка по улиците на престолнината на модата; лулката на модерните музички правци; домот на филмските фестивали.

Торонто е најголемиот финансиски центар во Канада и четврта, најголема бизнис-дестинација во Северна Америка. Бизнисот не е се` со што се гордее канадската метропола: таа е и филмска мека која режисерите се` почесто ја избираат за снимање, можеби затоа што е поефтино отколку во Холивуд, а и место каде често се поставува црвениот тепих - секоја година се одржуваат 75 филмски фестивали од исто толкав број на земји во светот.

Мултикултурализмот го прави градот еден од најбрзо растечките метрополи во светот. Торонто е незавршен архитектонски проект. Облакодери никнуваат како печурки.

Разновидноста е највидлива во рестораните. Кујни од сите делови на светот. Самиот центар е непресушна река од луѓе. Важи за канадски Њујорк: познати фирми се рекламираат по урнекот на Тајмс сквер. А, инсталациите во простор, чија најчеста цел е велосипедот, се доказ дека во Торонто постои и слух за улична уметност.

На една од улиците, бесплатна едукација за Исламот... На наредната, музичари од Далечниот исток... А, на онаа до неа, уличен изведувач, облечен во Спајдермен, ги оживува стриповите и Холивуд.

Тоа е Торонто. Метропола која никогаш не пулсира во едноличен ритам.
XS
SM
MD
LG