Линкови за пристапност

„Некои поинакви приказни“


„Некои поинакви приказни“

„Некои поинакви приказни“

Интервју со актерката Ива Зенделска на Македонскиот филмски фестивал во Торонто

На македонскиот филмски фестивал во Торонто викендов беше прикажана серија куси филмови за животот на жената на просторите на пораненешна Југославија.

Скопјанката Ива Зенделска е актерка која живее во Канада веќе шест години.

Првичната идеја за куси филмови од земјите – некогашни републики во поранешна Југославија, била да се прикаже пожртвуваноста на мајката на просторите на повоениот Балкан, но на крајот фокусот се проширил на жената и нејзиниот одговор на неправдите на денешницата.

„Некои поинакви приказни“

„Некои поинакви приказни“

„Беше битно да се покаже, по сите случувања и сите војни на Балканот, што се случува со жената, која е ставена во екстремни околности“, вели Зенделска.

Како се снаоѓа жената во едно повоено општество? Ваквото прашање ја инспирирало Зенделска во толкувањето на главниот лик во филмот од Македонија во режија на Марија Џиџева.

„Беше многу интересна улога затоа што играм бивша наркоманка на која за прв пат и` се случува мајчинство, раѓа дете - а ниту една од тие работи не ми се блиски. Беше мошне интересно да се размислува на темата“, раскажува Зенделска.

Филмот ја осветлува внатрешната страна на жената, размислува Зенделска. Улогата е и еден вид на критика на системот за условите во кои живеат илјадници жени на Балканот.

„Некои поинакви приказни“

„Некои поинакви приказни“

„Уметноста секогаш се стремела да менува работи во системот. Тоа е една од нејзините цели. Уметниците секогаш се обидуваат да направат нешто подобро“, додава младата актерка.

Филмот е со поддршка од македонската влада, а бил снимен во Воената болница во период од една недела. Серијата куси филмови е копродукција меѓу Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.

XS
SM
MD
LG