Линкови за пристапност

Македонски филмски фестивал во Торонто


Македонски филмски фестивал во Торонто

Македонски филмски фестивал во Торонто

Ревија на актери и режисери чие време допрва доаѓа.

Mакедонскиот идентитет и неговите предизвици доминираа како тема на 6-от по ред Македонски филмски фестивал во Торонто.

„Македонскиот филмски фестивал во Торонто ќе расте, само ако се зголемува бројноста на публиката“, рече организаторката Вирџинија Еванс на отворањето на дводневната ревија на македонски филмови во канадската метропола. Исполнетоста на салата, сепак, не беше проблем - и годинава се бараше карта повеќе.

На репертоарот - различни видувања на македонскиот идентитет.

„Им дава можност на Македонците, на македонската заедница во Торонто да видат некои филмови, стари, нови, класици, од други држави, но што е уште поважно и` нуди можност на канадската публика да види македонски актери и режисери. Фестивалот е можност да се покаже нашиот идентитет и култура кои се неотуѓив дел од македонските филмови“, вели Еванс за Гласот на Америка, говорејќи за досегот на единствениот македонски филмски фестивал во Северна Америка.

За бројни Македонци кои долги години живеат во Торонто фестивалот е освежување на врската со културното наследство.

Македонски филмски фестивал во Торонто

Македонски филмски фестивал во Торонто

„Во Торонто живеат многу Македонци. Сакаме да го видиме талентот на македонските, но и балканските актери, затоа што во САД и Канада не се прикажуваат многу европски филмови“, коментира една посетителка.

„Фестивалот е брилијантен - можност да се види за моето културно наследство. Научив многу за минатото, сегашноста, но и иднината“, ги пренесува впечатоците нејзината пријателка.

Во фоајето - потпишување на постери, размена на контакти, договори за идни проекти.

Посетителите очекуват традицијата да продолжи догодина со уште понови режисерски и актерски остварувања на филмаџии од Македонија или со македонско потекло.

XS
SM
MD
LG