Линкови за пристапност

Се очекува недела на силно невреме, каде покрај торнада ќе има силни ветришта, поројни дождови и град.

Жителите во некои југоисточни делови на САД се подготвуваат за нова рунда на силни невремиња оваа недела, додека лошото време се движи низ државите Алабама и Тенеси.

За две торнада се јавува дека уништиле домови во североисточна Алабама. Нема во моментов извештаи за повредени.

Локални извештаи во Хантсвил, Алабама велат дека затвор со затвор со максимум обезбедување бил оштетен.

Две торнада се потврдени во централно Тенеси во петок. Многу училишта ги пуштаат децата дома порано како знак на претпазливост. Како дополнение на повеќе торнада, силни ветрови и големи дождови, се очекува и град со голема величина.

Ваквото време доаѓа само два дена откако торнада минаа низ средни и јужни САД, оставајќи 13 мртви.

Моќен систем на невреме уништи населби во државите Илиноис, Мисури и Тенеси во средата, а донесе торнада и во Канзас и Кентаки.

Повеќе коментари

XS
SM
MD
LG