Линкови за пристапност

Републиканците лути на Обама за случајот со осомничен терорист


Републиканците лути на Обама за случајот со осомничен терорист
Републиканците лути на Обама за случајот со осомничен терорист

Случајот се однесува на сомалиски осомничен терорист кој бил испрашуван на брод на американската морнарица

Случајот со Сомалиецот кој беше донесен во Њујорк откако бил испрашуван на морнарички брод сугерира дека администрацијата на Обама нашла нов начин за справување со осомничени терористи кои се фатени во странство.

Една од првите заложби на Барак Обама по преземањето на функцијата беше затварање на воениот притворен центар во Гвантанамо Беј, во Куба. Тој веќе ги затвори тајните центри за испрашување на ЦИА во странство.

Оттука, не е јасно што ќе стори администрацијата ако фати висок по ранг осомничен терористи во странство.

Ахмед Абдулкадир Варсам беше приведен на отворено море на 19-ти април и испрашуван околу два месеци на воен американски брод. Официјални лица велат дека дал важни информации за групите на милитанти во Јемен и во Сомалија.

Сомалискиот осомничен беше донесен во окружен суд во Њујорк за да се соочи со судски процес.

Андреа Прасоу од Хјуман Рајтс Воч вели дека тоа е добар начин во справување со ваков случај:

„Фактот дека владата одлучила владата да го донесе осомничениот во Њујорк и да покрене обвиненија против него, е добар знак и демонстрира тоа што многупати сме го слушнале од оваа администрација – дека америкнските федерални судови се моќно средство во борбата против тероризмот“, вели Прасоу.

Сепак, во средата лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел изјави дека Ахмед Абдулкадир Варсам требало да биде испратен во Гвантанамо.

Републиканците се залагаат странци - осомничени за тероризам да одговараат пред воени трибунали. Тие ги предводеа успешните конгресни напори во спречување на актуелната администрацијата да врши трансфер на осомничени од Гвантанамо кои би одговарале пред американските федерални судови.

Една од причините зошто законодавците не сакаат граѓански судски процеси е затоа што им се даваат права на осомничените. Еден аспект е познатото предупредување Миранда, што значи дека на осомничениот мора да му се остави избор да не дава искази и да се консултира со адвокат пред да биде изведен пред суд.

Но, Мејсон Клатер од организацијата уставен проект точка ком, која има цел да го зајакне владеењето на правото во САД, вели дека тие права не важат при разузнавачко испрашување на воен брод на отворени води:

„ФБИ нема можност да собира разузнавачки информации од поединец пред да му ги прочитаат неговите права Миранда, а откако тие ќе му бидат укажани на брод, ќе може да продолжат со испрашувањето“, појаснува Клутер.

Друго прашање кои го покренаа поборниците за почитување на човековите права е дали американските сили се авторизирани да приведат осомничен, со оглед дека тој не припаѓа на Ал-Каида, терористичка организација која стои зад напади на 11-ти септември 2001-ва.

Но, судски документи наведуваат дека се борел во редовите на милитантната група Ал-Шабаб со седиште во Сомалија, која помогнала во обучувањето на Ал-Каида во Арапскиот полустров.

Шеик Али Мохамед Хасан е сомалиски интелектуалец во Саудиска Арабија, кој е познат во Сомалија за неговото познавање на работата на милитантните групи. За сомалиската редакција при Гласот на Америка, тој рече:

„Односите меѓу Ал-Шабаб и Ал-Каида не се тајни“, констатира Хасан.

Хасан рече дека Ал-Шабаб се снабдува со муниција од командантите на Ал-Каида во Јемен, додека некои припадници од Ал-Шабаб се обучуваат во кампови на Ал-Каида во Авганистан.

XS
SM
MD
LG