Линкови за пристапност

Обама: нема веќе време за глумење околу националниот долг


Обама: нема веќе време за глумење околу националниот долг

Обама: нема веќе време за глумење околу националниот долг

Го предупреди Конгресот дека истекува времето за кратење на владиниот дефицит и зголемување на сумата колку може да се задолжи владата.

Американскиот претседател го предупреди Конгресот дека истекува времето за кратење на владиниот дефицит и зголемување на сумата колку може да се задолжи владата.

Барак Обама на средба со новинарите во Белата куќа кажа дека законодавците „немаат веќе време за глумење“, како и дека доколку не биде постигнат договор за зголемување на крајната граница на владиниот долг, тоа наскоро би имало негативен одраз на берзите ширум светот.

САД имаат рок до 2-ри август да ја зголемат сумата колку може да позајмат. Во спротивно, ќе задоцнат со исплата на дел од долгот. Преговорите меѓу претседателот и републиканските водачи во Претставничкиот дом заглавија околу разликите дали да се зголемат даноците за да се соберат повеќе пари, додека се кратат владините трошоци.

Обама вели дека во моментов вниманието треба да се насочи на планот што го предложи група сенатори од обете партии, а што предвидува помали трошоци и поголеми даноци како начин на долгорочен план да се воспостави контрола врз дефицитот.

Претставничкиот дом, пак, каде мнозинство имаат републиканците, е пред гласање за мерка со која би се скратиле 100 милијарди долари од владиниот буџет за наредната година, во замена за зголемување на границата на владиниот долг. Таа налага и амандман на Уставот со кој Владата не ќе смее да троши повеќе отколку што собрала. Таканаречениот Акт за кратење, ограничување и балансирање најверојатно ќе наиде на остро противење во Сенатот под демократска контрола. Претседателот Обама најави дека ќе стави вето доколку актот биде изгласан.

Виши американски претставници и дел од економистите предупредуваат на кататсрофални последици, најверојатно и нова рецесија, доколку Белата куќа и Конгресот не најдат заедички јазик до истекот на рокот.

XS
SM
MD
LG