Линкови за пристапност

Нападната американската амбасада во Сирија


Нападната американската амбасада во Сирија

Нападната американската амбасада во Сирија

Толпа лојална на претседателот Башар ал-Асад причинила материјална штета

Толпа Сиријци лојални на претседателот Башар ал-Асад ја нападнала американската амбасада во Дамаск и причинила материјална штета.

Нападот се случи напоредно со тврдењата на активисти за човекови права и жители на Хомс дека сириските сили, потпомогнати од оклопни возила, навлегле во градот во централниот дел на земјата, убивајќи најмалку едно, а ранувајќи 20 лица.

Според сведоци, во нападот во Хомс владините сили употребиле огнено оружје.

Ова се случува во време кога во Сирија се одвива вториот ден од, како што го нарекува владата, националниот дијалог за политички реформи.

Дел од владините критичари учествуваат на средбата во Дамаск, но главните опоизициони групи ја бојкотираат во знак на простест против реакцијата на претседателот Асад на противвладиното востание.

Вчера на собирот голем број говорници ги осудија владините сили за безбедност и насилството против демонстрантите, но затоа други го повторија тврдењето на Асад дека странски агитатори се обидуваат да ја дестабилизираат Сирија.

Асад ја предложи средбата минатиот месец како гест кон опозицијата, која уште од март масовно протестира, барајќи крај на 40-годишното владеење на неговото семејството.

Организациите за човекови права наведуваат дека сириските сили за безбедност досега убиле најмалку 1.600 цивили, додека владата за насилството ги обвинува терористите и исламистите за кои вели дека убиле стотици припадници на силите за безбедност.

XS
SM
MD
LG