Линкови за пристапност

САД и Русија потпишаа меморандум за небото над Сирија


Документот има за цел да спречи колизија на американски и руски авиони кои вршат бомбардирања во Сирија

Русија и САД потпишаа меморандум за разбирање, околу безбедноста во воздушниот простор над Сирија, објави Пентагон.

Порпаролот на Одделот за одбрана, рече дека со него се отвара простор за комуникација на теренот кој служи како резервна варијанта ако има проблеми со комуникацијата.

Официјални лица од Пентагон подвлекоа дека воздушните прописи што се воспоставени со овој меморандум не се дел од поширок договор, за тоа како обете земји треба да оперираат во Сирија.

Договорот се однесува на превенција на колизија на американски и руски авиони над Сирија, каде обете земји изведуваат воздушни напади.

Официјален претставник за Гласот на Америка рече дека Меморандумот за разбирање ќе вклучи и радио-фрекфенција за комуникација и други безбедносни мерки со цел „професионално“ да се споделува небото над Сирија.

XS
SM
MD
LG