Линкови за пристапност

Сирија жали за соборувањето на турскиот борбен авион


Хјуман рајтс воч издаде извештај за тортура на притвореници во 27 објекти во Сирија.

Турски весник го цитираше сирискиот претседател Башар ал-Асад со зборовите дека жали што неговите сили го собориле турскиот армиски авион, минатиот месец.

Весникот „Кумхуриет“ објави дека Асад инсистирал оти турскиот авион летал во сирискиот воздушен простор кој го нарушиле израелски летала веќе три пати во минатото.

Турција кажа дека борбениот авион по грешка влегол во сирискиот воздушен простор и се вратил во меѓународниот простор пред Сирија да го собори на 22-ри јуни. Весникот пренесе изјава на претседателот Асад дека тој ќе се извини на Турција за инцидентот доколку се покаже дека турските тврдења се вистинити.

Асад ја отфрли можноста за ескалирање на напнатоста меѓу Сирија и Турција, велејќи дека ова нема да ги турне во „вооружен конфликт“.

Турција ја крена борбената готовност на границата со Сирија, а Башар ал-Асад рече истото нема да го стори неговата земја.

Хјуман рајтс воч издадоа извештај во кој ја обвинија сириската влада за мачење и злоставување притвореници во 27 затвори ширум земјата.
XS
SM
MD
LG