Линкови за пристапност

САД ја обвинија Сирија дека врши масовни убиства на затвореници на дневна основа и дека ги гори телата во голем крематориум недалеку од Дамаск

Вчера, Стејт департментот објави сателитски снимки од затворот во Сирија, во кој официјални лица сметаат дека се наоѓа локацијата каде сирискиот режим врши егзекуции и кремира осомничени противници на владата на претседателот Башар ал Асад.

Стејт департментот објави дека околу 50 затвореници дневно се бесат во затворот Саднаја. Наводно, владата на Ал-Асад користи крематориум да ги сокрие доказите за масовните убиства.

Вишиот американски дипломат за Блискиот исток Стујард Џонс, рече дека Сирија со ваквите потези паднала уште пониско во меѓународните односи. Тој, сепак, не ја обвини Москва за учество во активностите поврзани со крематориумот, истакнувајќи дека Стејт департментот не презентирал докази за масовни убиства на руски официјални лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG