Линкови за пристапност

САД и други светски сили бараат оставка на сирискиот претседател


САД и други светски сили бараат оставка на сирискиот претседател

САД и други светски сили бараат оставка на сирискиот претседател

Обама кажа дека е време Башар ал-Асад да слезе од власта

САД и други светски сили бараат оставка на сирискиот претседател Башар ал-Асад поради крвавата пресметка со политичките демонстранти.

Претседателот Барак Обама денес соопшти дека е време Асад да слезе од власта. Тој издаде извршна наредба во која најавува санкции против Сирија „како никогаш досега“, во обид да ја продлабочи економската излолација на владата на Асад. Британија, Франција, Германија и Европската унија исто така го повикаа Асад да се повлече од функцијата.

Кусо време откако Белата куќа ја објави извршната наредба, државната секретарка Хилари Клинтон изјави дека во Сирија започнала транзиција кон демократијата и дека дошло време Асад да се тргне од патот.

Асад е под се` поголем меѓународен притисок поради крвавата пресметка со противвладините демонстранти. Денешните изјави на Обама и Клинтон се по првпат САД официјално да повикаат на негова оставка.

Промената во американскиот став доаѓа ист ден кога Советот за безбедност на ОН ќе го разгледа извештајот за тактиките на сириската влада. Истражни лица на ОН за човекови права наведуваат дека пресметката со демонстрантите можеби се издигнала на ниво на злосторства против човештвото.

Наводот е дел од извештајот на 20-тина страници на комесарката за човекови права на ОН Нави Пилај, што беше објавен пред средбата на Советот за безбедност. Се очекува таа да го повика Советот да ја упати Сирија пред Меѓународниот кривичен суд за наводно кршење на човековите права.

Извештајот наведува широкораспространети напади врз цивили со снајпери, авиони и други армиски средства.

Средата, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во телефонски разговор со претседателот Асад му порачал дека е алармиран од извештаите за прекумерна употреба на сила и натамошно нашироко кршење на човековите права. Асад рекол дека армиските и полициските напади запреле.

XS
SM
MD
LG