Линкови за пристапност

Активистите јавуваат за нови судири во Сирија


Активистите јавуваат за нови судири во Сирија

Активистите јавуваат за нови судири во Сирија

Кина повторно ги брани причините за вето на Резолуцијата на ОН.

Најмалку 17 лица биле убиени, а многу повеќе повредени во новото бомбардирање што сириските сили го извршиле во градот Хом, тврдат сириски активисти за човекови права.

Арапските сателитски ТВ-станици денес емитуваат снимки од Хом на згради оштетени во насилството од кои се извива чад. Нападот бил изведен во неколку делови на Хом, а во градот експлодирал и нафтовод.

Сириската државна телевизија вели дека зад бомбардирањето стојат „терористички банди“:

Нема независна потврда на жртвите, бидејќи сириските власти го ограничуваат независното известување во земјата.

Најновото насилство се случи само неколку дена откако активистите јавија за, како што наведуваат, масакрот во Хом. Тие тврдат дека најмалку 200 лица загинале во бомбардирањето од страна на владините сили петокот ноќта - саботата наутро, еден од најкрвавите инциденти во 11-месечниот револт. Хом стана централна точка на отпорот против владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Кина денес повторно ја бранеше својата одлука да стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност со која ќе се одобреше планот на Арапската лига претседателот Асад да ја предаде власта. Кинеското Министерство за надворешни работи ја отфрли критиката дека го поддржува режимот на Асад во конфлиткот.

Кина и Русија ставија вето на резолуцијата што ја подржаа западните и арапските земји. Западните земји, пак, го критикуваа потегот на Пекинг и Москва.

Русија вели дека се решила на таков чекор бидејќи резолуцијата ја разбира како ултиматум за отстранување на Асад, единствениот армиски сојузник на Москва на Блискиот Исток. Кина соопшти дека ставила вето за да се спротистави на она што го смета за обид за смена на режимот во Сирија со помош на сили однадвор, спротивно на меѓународните норми.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон го осуди двојното вето како дволичност и најави дека САД ќе соработуваат со сојузниците надвор од ОН за да ги зајакнат регионалните и национални санкции потив Сирија.

Сириското востание против автократското владеење на Асад едскалираше последниве месеци и прерасна во отворен судир меѓу бутновниците и силите лојални на претседателот. ОН минатиот месец проценија дека загинале најмалку 5.400 лица, но потоа прекина да ја обновува бројката поради потешкотии да дојде до нови информации.

Неделата, активисти соопштија дека во борбите меѓу силите лојални на Асад и лабаво организираните бунтовници загинале најмалку 56 лица, од кои барем половината цивили.

XS
SM
MD
LG