Линкови за пристапност

Истражување: кафето може да спречи рак на кожата

  • Jane Bojadzievski

Истражување: кафето може да спречи рак на кожата

Истражување: кафето може да спречи рак на кожата

Научниците дури препорачуваат директно да се нанесува на неа

Љубителите на кафе можеби имаат нова причина да уживаат во пијалокот.

Според истражувањето објавено во Збирката на американската Национална академија на науки, кафеинот може да го намали ризикот од рак на кожата со тоа што ги убива оштетените клетки кои имаат потенцијал да се претворат во тумор. Истражувањето дури препорачува кафето директно да се нанесува на кожата.

Научниците кои вршеле експерименти врз глувци не се сигурни што конкретно причинува кафеинот да штити од немеланомниот вид на рак, но планираат дополнителни истражувања за да утврдат како би се одразил на луѓето.

Немеланомот е најчестиот вид на рак на кожата што речиси секогаш упешно се лекува кога ќе биде откриен навреме. Меланомот, пак, е вид што може да се прошири на другите органи, но и кај него е можен успех доколку се открие во рана фаза.

XS
SM
MD
LG