Линкови за пристапност

Врховниот суд во нова сесија


Врховниот суд во нова сесија

Врховниот суд во нова сесија

Ќе расправа за здравствената заштита, имиграцијата и афирмативната акција

Врховниот суд на САД денес ќе започне нова сесија на која ќе расправа за редица контроверзни случаи што се однесуваат на федералните овластувања, како здравствената заштита, имиграцијата и афирмативната акција.

Деветте судии наредните недели и месеци ќе одлучат дали да ги разгледаат поплаките што ја предизвикуваат уставноста на законот за здравствена заштита – еден од клучните елементи на домашната политика на претседателот Барак Обама. Новиот закон, чиј поголем дел допрва треба да стапи на сила, ќе биде значајно прашање на претстојните претседателски и конгресни избори во ноември наредната година, покрај имиграционата политика.

Врховниот суд уште еднаш ќе разгледа дали да ги сослуша усните аргументи во однос на афирмативната акција при приемот во колеџите и да одлучи дали може да се употребуват квоти при приемот на студенти.

Пред судот ќе се најде и контроверзниот имиграционен закон на сојузната држава Аризона, како и строгите имиграциони закони во други сојузни држави. Пониските судови веќе ограничија или блокираа делови од овие закони. Одлуката на Врховниот суд би се одразила на обидите на други сојузни држави да ја преобразат имиграционата политика.

Новата сесија трае девет месеци, но нема гаранции дека судот ќе ги разгледа сите доставени случаи. Вообичаено, кога случајот ќе биде изложен пред судот, одлуката следи до јуни.

Во сегашниот состав се наоѓаат пет судии номинирани од републиканците и двајца од демократите. Функцијата е доживотна.

XS
SM
MD
LG