Линкови за пристапност

Артичкиот совет расправа за глобалното затоплување


Артичкиот совет расправа за глобалното затоплување
Артичкиот совет расправа за глобалното затоплување

Државната секретарка Хилари Клинтон ја предводи американската делегација

Американската државна секретарка Хилари Клинтон е во Гринланд на средба на Артичкиот совет, кој бара подобри начини за справување со предизвиците со кои се соочува регионот кој брзо се трансформира заради климатските промени.

Клинтон е прва американска државна секретарка што присуствува на Артичкиот совет, кој го сочинуваат осум држави кои го опкружуваат Артичкиот океан. Клинтон и секретарот за внатрешни работи Кен Салазар ја предводат американската делегација, чија цел е да создаде постојан секретаријат, како и да го потпише првиот обврзувачки документ за спасувачки операции во Артикот.

Средбата уследи по објавувањето на извештајот на советот за затоплувањето на Артикот што покажа дека зголемувањето на нивото на морето може да е поголемо од она што се мислело.

Артичкиот мраз поради зголемените температури се повлече скоро 21 милиони квадратни километри што водеше до поголемо истражување на ресурсите на нафта и гас, како и зголемување на протокот на карго и бродови за крстарење во области каде биле покриени со мраз.

Додека климатските промени може да создадат економски можности за кус период, научниците велат дека морското ниво може да порасне повеќе од предвиденото – еден до еден и пол метар до крајот на векот, што може да ги поплави крајбрежните градови.

XS
SM
MD
LG