Линкови за пристапност

Годишен извештај за борбата против глобалниот тероризам


Македонија учествува во пограничната соработка, наведува Стејт департментот.

Ликвидацијата на Осама бин Ладен, основачот и водачот на Ал-Каида во последните 22-години ја одбележа изминатата година како настан број еден во глобалните напори против тероризмот, наведува американската влада во денес објавениот годишен извештај на Стејт департментот на оваа тема.

Иако немало терористички напади врз САД во 2011-та, Стејт департментот во извештајот ја истакнува загриженоста поради заканите од тероризам од лица пораснати во САД.

САД го издвојуваат Иран како водечка земја – спонзор на тероризмот тврдејќи дека официјален Техеран и натаму продолжува со минирање на напорите за мир и демократија, со што претставува закана по стабилноста на Блискиот Исток и Јужна Азија.

За Македонија нема посебен оддел во извештајот на американската влада, туку само се споменува во регионален контекст. Извештајот ја уважува Македонија, заедно со Албанија, Косово и Црна Гора, во формирањето на заеднички информативни центри и погранични патроли.

Од сите држави во регионот, посебни извештаи за ситуацијата во врска со тероризмот изминатата година Стејт департментот изготви само за Босна и Херцеговина, Грција, Косово и Србија.
XS
SM
MD
LG