Линкови за пристапност

Екипажите на Атлантис и МВС го инсталираа модулот Рафаело


Екипажите на Атлантис и МВС го инсталираа модулот Рафаело

Екипажите на Атлантис и МВС го инсталираа модулот Рафаело

Станицата доби 4 тони резервни делови, опрема, храна и други намирници неопходни за функционирање до 2012-та

Екипажите на шатлот Атлантис и на Меѓународната вселенска станица (МВС) го инсталираа модулот Рафаело за повеќекратна намера, тежок 12,5 тони. Со него, Станицата доби 4 тони резервни делови, опрема, храна и други намирници неопходни за функционирање до 2012-та година.

Во меѓувреме, НАСА ја следи патеката на парче вселенски отпад од сателит од времето на Советскиот Сојуз, но смета дека не ќе биде потребно репозиционирање ниту на Атлантис, ниту на МВС. Агенцијата првично беше загрижена дека парчето би можело да се судри со нив во вторник, но според најновите пресметки, тоа ќе помине во непосредна близина, токму за време на планираното излегување во вселената на астронаутите на Аталантис.

НАСА вели дека парчето е само едно од вкупно половината милион делови вселенски отпад чии патеки агенцијата внимателно ги следи.

По враќањето на Атлантис на Земјата наредната недела, НАСА ќе ја пензионира целата флота на шатл-летала што извршуваше мисии во вселената изминативе 30-тина години.

XS
SM
MD
LG