Линкови за пристапност

Сончевиот авион на мисија околу светот без гориво


Денес ја мина првата делница од Абу Даби до Мускат

Швајцарскиот авион на сончева енергија денес слета во Оман, првата станица од патешетвието околу светот без какво и да е гориво.

Леталото слета во Мускат, 10 часа откако полета од Абу Даби.

Авионот Солар Импулс 2 (СИ2) е едносед. Изграден е од јаглеродни влакна. Има распон на крилјата од 72 метри, поголем од оној на Боинг 747. Тежи колку автомобил. На крилјата има 17.000 плочи коишто акумулираат сончева енергија, со што може да лета и ноќно време.

За изградба на СИ2, на швајцарските научници Бертранд Пикард и Андре Боршберг им беа потребни 12 години. Боршберг, којшто денес пилотираше со авионот, е обучен за управување со борбени, но и со цивилни авиони и хеликоптери. Тој на овој лет ќе се менува со Пикард, којшто е психијатар, истражувач, а познат е и по тоа што првиот што го прелета светот во балон без застанување.

Сончевиот авион ќе застане во Оман, Индија, Мјанмар и Кина. Откако ќе го мине Тихиот Океан преку Хаваите, авионот ќе запре на три места во САД - Феникс, Њујорк и уште една локација, во зависност од временските услови.

Последни станици по прелетувањето на Атлантикот ќе бидат локации во јужна Европа и северна Африка, пред да пристигне во Абу Даби, на крајот од јули или почетокот од август.

XS
SM
MD
LG