Линкови за пристапност

Тајните на иноваторството


Тајните на иноваторството
Тајните на иноваторството

Во обраќањето до нацијата во 2011-та претседателот кажа дека иноваторството е клучно за Америка да се изгради повторно и да се развива во наредниот век. Таа порака го инспирарала авторот Стивен Џонсон кој идентификувал идеи и акции во таа насока.

Иновацијата едноставно значи да се прави нешто ново, нешто што функционира. Претприемачот и автор Стивен Џонсон вели дека целокупниот човеков напредок зависи од инавација и креативност.

„Важно е за сите нас. Без оглед на областа. Постои многу простор за нови идеи. Не постои професија што не може да се подобри со иновативно размислување“, вели овој автор.

За да ги открие тајните на пронаоѓаштвото, Џонсон интервјуираше група иновативни луѓе, вклучувајќи претприемачи, софтвер инженери, уметници и музичари, како композиторот Брајан Ено.

На почетокот, кога човекот што свири тапани, свири гитара, а оној на клавијатура свири виолина, Ено признава дека не звучи добро. Сепак, процесот е ослободувачки.

„Крајниот резултат – нови звуци. Ова е одлична метафора за она што сакате да сторите со сопствениот живот. Да направите нешто што не сте го направиле порано, и не плашете се ако звучите лошо, бидејќи тоа е нова сфера“, вели Џонсон.

Да се биде отворен за нови работи и` помогнало на компанијата Ај-Ди-О, специјализирана за дизајн и иновација, со седиште во Калифорнија, да се прошири низ цел свет.

Џонсон објавил и книга „Иноваторски готвач“, во која се наоѓа и збирка од девет есеи напишани од водечки бизнис лидери, кои се фокусираат на квалитетите од кои зависи развивањето на креативноста и што е тоа што може да ја убие.

Тереза Амамбил од Харвард школата за бизнис, говори за начелата за поттикнување на иновацијата на работното место.

„Пред се` луѓето треба да се чувствуваат дека имаат одредено ниво на автономност во она што го работат. Воедно треба да бидат и лично инволвирани во она што го прават и на некој начин е интересно, задоволувачко, да се прави со уживање и да е со предизвик“, вели таа.

Креативните умови секогаш имаат потреба од соработка, додава Џонсон.

„Земете го Епл, Стив Џобс и Стив Возниак ја основале компанијата. Сосема различни луѓе, брилијантен инженер и брилијантен визионер и продавач, различни умови кои имале потреба еден за друг“, вели тој.

Стивен Џонсон се надева дека неговата нова книга ќе обезбеди корисни совети за нови идеи и инвенции.

XS
SM
MD
LG