Линкови за пристапност

СДСМ најави тужба за прекинатиот попис

  • Борјан Јовановски

СДСМ најави тужба за прекинатиот попис

СДСМ најави тужба за прекинатиот попис

Опозицијата смета дека прекинот на пописот нанел штета на буџетот на државата

Прекинувањето на пописот на населението ќе се најде пред суд. Ова го најавува опозицискиот Социјалдемократски сојуз, соопштувајќи дека пријавата ќе биде поднесена до Јавиот обвинител против непознати сторители, членови на Владата на РМ, членови на Државната пописна комисија и реонските попишувачи за утврдување на нивна одгворност за прекинување на најголемата статистичка операција, каква што е пописот.

Пријавата социјалдемократите ја подесуваат поради, како што наведуваат, нанесување на матерјална штета на буџетот на државата.

„Очекуваме дека Јавниот обвинител во најкус можен рок ќе забрани да се уништат пописните формулари кои се доказен материјал неопходен за утврдување на фактичката состојба ... кој е одговорен за неуспешниот попис и за залудно потрошените 14 милиони евра на граѓаните“, изјави на прес конференција подпретедателката на СДСМ, Ана Павловска-Данева.

Претходно, владеачката партија најави инцијатива за формирање на Анкетна комисија во Собранието која треба да го преиспита органиразњето на пописот од 2002-та година.

Данева на прес коферција изјави дека СДСМ ја прифаќаат иницијативата, но сметаат дека тоа е без преседан, зашто Анкетна комисија вообичаено се формира за да се испитува работењето на владата.

Од ВМРО-ДПМНЕ стигна реакција со барање за појаснување на ставот, зашто пратениците на СДСМ со кои непосредно било разговарано имале спротивен став од оној што го изнесува Данева.

XS
SM
MD
LG