Линкови за пристапност

Саманта Пауер за поуките од Сребреница


Амбасадорката на САД во ОН за Гласот на Америка зборуваше за поддршката на вистината и исправање на грешките од минатото

Глас на Америка: Имавте импресивно излагање на состанокот на ОН. Како е вашето лично искуство од Балканот и како тоа се одразува на вашата денешна работа?

Пауер: Кога слушнав дека Босанските Срби ја окупирале безбедносната зона во Сребреница ми звучеше лошо, но не можев да замислам дека Босанските Срби ќе ги убијат босанските муслимански мажи и момчиња од областа, и тоа многу ме погоди. Тогаш бев млада новинарка и бев скептична, но сега, како диломатка, ако видам извештаи со два-три извори, за напад со нервен гас врз цивили, бомбашки напад, или за Гулаг во Северна Кореја и сето тоа е документирано, сакам по тоа да биде постапено. Дали американската влада или Советот за безбедност на ОН, институциите треба неуморно да се залагаат за откривање на вистината. Сета моја заложба кон почитување на човековите права, транзизија кон правда, спречување на масовни злодела, процесот на помирување, сето тоа искуство го црпам од војната во Босна.

Глас на Америка: Следната недела во Советот за безбедност на ОН се очекува поднесување на предлог-резолуција од Британија за комеморација на годишнината Сребреница. Русија поднесе своја верзија на резолуција во која не се споменува Сребреница. До каде е процесот?

Пауер: Очекувам да биде усвоена. Сакам да ги уверам не само Босанците, туку и други дека постои широк глобален консензус за тоа што се случило во Сребреница во јули 1995-та. Нема многу нејаснотии. Од политички причини можеби луѓето сакаат да го одвратат вниманието. За жал тоа се случува во светот. Една од работите што се рефлектира врз преговорите за резолуција во Советот за безбедност е колку е јасен фактот за случувањата во Сребреница од кажувањата на босански историчари, новинари, семејства на жртви коишто раскажаа ужасни приказни. Тие не можат да ги вратат најмилите, но успеаа да се справат со историјата, како што тоа го стори Меѓународниот трибунал во Хаг. Очекуваме во резолуцијата за Сребреница да бидат вклучени факти и нема да прифатиме ништо помалку.

Глас на Америка: Во Вашето излагање, рековте дека оние коишто негираат дека имало геноцид во Сребреница треба да се засрамат. На кого мислевте?

Пауер: Тие што го негираат геноцидот немаат врска со реалноста. Сакаатда ги побијат историските факти, кои се документирани во изминатите 20 години. Треба секој да оди во Сребреница и да го види процесот на пронаоѓање на посмртните останки. Јас бев на 5-тата годишнина, на 10-тата, 15-тата. Семејствата на жртвите се` уште се во жалост затоа што не можат да ги најдат останките на најмилите. Луѓето може да тврдат дека не било така, но никој не верува во тоа.

Глас на Америка: Која е вашата порака до граѓаните на Босна и Херцеговина, со оглед на важноста на овој датум?

Пауер: Пораката е дека ние никогаш нема да заборавиме. Ќе продолжиме да ја бараме правдата до крајот на светот и мислам дека тоа и го покажавме. Нема ниту еден обвинет од меѓународниот Трибунал во Хаг за злосторствата во Сребреница да останал на слобода. И натаму се во тек постапки во босанскиот судски систем. Ќе продолжиме да ги поддржуваме. Но, мојата куса порака би била: Жал ние за вас и за вашите семејства, ова мора да е ужасно болен момент за вас.

XS
SM
MD
LG