Линкови за пристапност

Републиканецот Рик Санторум влезе во трката за претседател


Републиканецот Рик Санторум влезе во трката за претседател

Републиканецот Рик Санторум влезе во трката за претседател

Поранешниот сенатор од Пенсилванија официјално ја објави кампањата за изборите во 2012-та

Поранешниот сенатор од североисточната сојузна држава Пенсилванија подготува терен да влезе во трката меѓу републиканските претседателски кандидати кои ќе се обидат да го поразат претседателот Барак Обама на изборите во 2012-та.

Рик Санторум формално ја објави кандидатурата во понеделник.

Тој често ги посетуваше сојузните држави во кои се одржуваат првите примарни гласања, вклучувајќи ја Ајова, Њу Хемшир и Јужна Каролина.

Санторум служеше два мандати во американскиот сенат пред да загуби во обидот за ре-избор во 2006-та.

На републиканското поле на кандидати се вклучени и поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни, поранешниот спикер Њут Гингрич, поранешниот гувернер на Минесота Тим Поленти и актуелниот конгресмен од Тексас Рон Пол.

Поранешната гувернерка од Аљаска Сара Пејлин не се изјасни дали ќе учествува во претседателската трка, откако беше републикански потпретседателски кандидат на изборите во 2008-ма.

XS
SM
MD
LG