Линкови за пристапност

Републиканците во жестока битка за претседателска номинација


Републиканците во жестока битка за претседателска номинација

Републиканците во жестока битка за претседателска номинација

На дебатата во Калифорнија републиканските претседателски кандидати беа остри и провокативни

Претседателските кандидати од републиканскиот табор во среда навечер одржаа дебата во Калифорнија за разни прашања, од здравствената заштита до граничната безбедност. Во дебатата учествуваа и фаворитите, гувернерите од Масачусетс и Тексас Мит Ромни и Рик Пери.

И покрај лошите економските бројки и анкетите кои покажуваат дека Американците ја губат довербата, Мит Ромни го истакна главното прашање во неговата кампања:

„Граѓаните се загрижени дали ќе ги платат сметките на крајот од месецот. Многу луѓе престанаа да бараат работа. Луѓе кои имаат работа, стравуваат дека ќе ја загубат. Имаме криза со самодовербата, главно затоа што имаме недостаток од лидерство“, рече Ромни.

Осум кандидати од редовите на републиканците дебатираа во претседателската библиотека Роналд Реган во Калифорнија, а во публиката беше и Ненси Реган.

Гувернерот Пери го истакна неговото досие со отварање работни места во Тексас, исто како и Мит Ромни и поранешниот гувернер од Јута, Џон Хантсман. Секој од нив тврдеше дека мешавината од искуство во политиката и приватниот сектор го квалификуваат за работното места на претседател на САД.

Кандидатите исто така се обидоа да ги истакнат разликите по прашања кои ги делат конзервативците и умерените во самата партија, како системот за пензиска и социјална заштита и климатските промени. Ромни беше умерен за обете прашања. Тој рече дека системот за социјална заштита е проблематичен и потребни се реформи, но инсистираше на важноста за постарите Американци.

Гувернерот Пери изрази скептицизам за климатските промени и го нарече системот за социјална заштита како голема измама за инвеститорите. Тој призна дека неговиот речник е провокативен: „Можеби е време да имате провокативен речник во оваа држава и да речете: Да ја направиме Америка повторно функционална и да сториме се` што треба во таа насока“.

Мишел Бакман е конзервативна членка на Конгресот од Минесота и единствена жена во дебата. Таа го нападна планот за здравствена заштита на претседателот Обама, кој треба да го прошири покривањето врз повеќе жители, но и бара задолжително секој Американец да има здравствено осигурување.

Републиканците го оценија планот како премногу скап, кој „ги убива“ работните места, и ги крши личните слободи на поединците:

„Ова е прашање од 2012-та, заедно со работните места. Тоа е нашата шанса. Ако не успееме да го укинеме планот за здравствена заштита на Обама во 2012-та, тоа ќе значи социјалистички модел на здравството“, изјави конгресменката од Минесота.

Мит Ромни рече дека негово искуство како бизнисмен ќе помогне во трговски односи со Кина. Џон Хантсман, кој беше амбасадор во Кина и во администрацијата на претседателот Обама, рече дека ќе се фокусира на подобрување на домашната економија.

“Ќе ги подобриме односите САД-Кина со измени дома, затоа што нашата срж е слаба и скршена. И затоа немаме сила на преговарачката маса.“

Поранешниот конгресмен и спикер на Претставничкиот дом Њут Гингрич ги критикуваше новинарите што ги истакнуваат разликите меѓу републиканците:

„Јас лично, но и сите мои пријатели, ќе ги одбиеме сите обиди на медиумите за републиканците меѓусебно да пресметуваат со цел да го заштитат Барак Обама, кој заслужува да биде поразен. Сите ние функционираме како тим, независно кој ќе биде номинацијата на републиканската партија. Сите сме тука да го поразиме Барак Обама“, вели Гингрич.

И Гингрич подвлече дека темата која ќе обезбеди победа на изборите во 2012-та е отварањето нови работни места.

Дебата беше спонзорирана од телевизијата Ен-Би-Си и интернет-страницата Политико и беше пренесувана во живо преку националните кабелски мрежи.

XS
SM
MD
LG