Линкови за пристапност

Ден на претседателите во САД


Ден на претседателите во САД

Ден на претседателите во САД

Милиони Американци денеска го празнуваат роденденот на првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон

Иако празникот е официјално оддавање почит на Вашингтон, овој ден се смета како славење на сите претходни претседатели.

Повеќето владини канцеларии и згради се затворени, како и банките, берзите на акции и американската пошта. Повеќето продавници го искористија продолжениот викенд за да нудат специјални попусти.

Во февруари се родени двајца од тројцата најпочитувани претседатели на САД – Џорџ Вашингтон во 1732-ра и Абрахам Линколн во 1809-та.

Празнувањето на роденденот на Џорџ Вашингтон беше воведено на 1885-та. Иако тој е роден на 22-ри февруари, Конгресот усвои акт во 1968-ма за овој федерален празник да паѓа секогаш на третиот понеделник во февруари.

XS
SM
MD
LG