Линкови за пристапност

Ново товарно летало – хибрид меѓу авион и цепелин


Ново товарно летало – хибрид меѓу авион и цепелин

Ново товарно летало – хибрид меѓу авион и цепелин

Користи хелиум, а изградено од лесен, но издржлив материјал

Компанија од Калифорнија работи на нов вид на летало. Не е целосно авион, ниту пак цепелин, но има елементи од обете. Во проектот се користи нова технологија и ќе има комерцијална и армиска примена.

Леталото Аероскрафт на корпорацијата Аерос ќе може да понесе над 50 тони товар и да го пренесе илјадници километри. Пробниот модел, финансиран од Пентагон, се составува во хангар на морнарицата во Лос Анџелес. Леталото долго 75, а широко 30 метри за првпат треба да полета подоцна годинава.

Аероскрафт ќе може да слета на тешко пристапни места, вели претставникот на Аерос Едвард Певзнер, на пример на северот на Канада и Аљаска каде се вршат нафтени истражувања, регионот на Амазон, Африка...

Клучна за леталото е новата технологија што, за разлика од цепелините, му овозможува да полета или слета без да додаде или загуби тежина.

„Целото летало, а не само негов балон ќе биде исполнето се хелиум“, појаснува инженерот Тим Кени.

Хелиумот ќе му овозможи да полета, а кога е компресиран, леталото ќе може да слета. Леталото има и мотори на авионско гориво. Изградено е од лесен, но издржлив материјал, благодарение на најновите технологии.

Доколку се` оди по планот, дури и поголеми модели од пробниот ќе се најдат во воздухот за неколку години. Армијата е заинтересирана за потенцијалот на овие летала, но и индустријата. Аерос наведува дека доколку се покажат успешни за пренос на товар, можеби ќе ги модифицира и за патници.

XS
SM
MD
LG