Линкови за пристапност

Џихад со далечинско управување


Џихад со далечинско управување
Џихад со далечинско управување

Властите тврдат дека уапсениот Резван Фердаус планирал со беспилотни авиони полни со експлозив да ги разнесе Пентагон и Конгресот

Американските власти во Бостон, сојузната држава Масачусетс го уапсија 26-годишниот Резван Фердаус под обвинение дека планирал со големи авиони на далечинско управување, наполнети со пластичен експлозив, да ги оштети, па дури и да ги разнесе Пентагон и Конгресот.

Одделот за правда синоќа соопшти дека Фердаус, инаку американски државјанин, е обвинет дека се обидел да пружи материјална поддршка и ресурси на странска терористичка организација, конкетно - Ал-Каида, за напади врз американски војници во странство. Тој бил уапсен во тајна операција.

Властите тврдат дека Фердаус започнал да планира џихад против САД на почетокот на 2010-та и дека намерата му била да предизвика големо психолошко влијание преку убивањето на Американци, меѓу кои и жени и деца, бидејќи ги сметал за „непријатели на Алах“. Истражните органи наведуваат дека Американците во ниту еден момент не биле доведени во опасност, бидејќи експлозивните направи биле под контрола на тајни агенти на Федералното истражно биро (ФБИ).

Доколку биде осуден, Фердаус би можел да добие до 15 години затвор за точката од обвинението за материјална поддршка на странска терористичка организација, како и до 20 години за обидот да уништи објект на националната одбрана.

XS
SM
MD
LG