Линкови за пристапност

Формално напуштање на политиката „Не прашувај, не кажувај“


Формално напуштање на политиката „Не прашувај, не кажувај“

Формално напуштање на политиката „Не прашувај, не кажувај“

Претседателот Барак Обама потпиша легислатива во декември за укинување на таа пракса

По неколкугодишни правни битки по судови и жестока јавна дебата, американската армија во вторник формално ја укина политиката позната како „Не прашувај, не кажувај“, според која хомосексуалците можеа да служат во армијата се` додека отворено не се изјаснат за својата сексуална ориентација.

Ваквата политика беше воведена за време на клинтоновата администрација како компромис на целосната забрана за хомосексуалци во армијата. Претседателот Барак Обама потпиша легислатива во декември за укинување на таа пракса и да им дозволи на хемосексуалците отворено да служат во армијата.

За речиси двете децении на практикување на досегашната политика околу 14.000 припадници на армијата беа исфрлени од служба под актот „ Не прашувај, не кажувај“.

XS
SM
MD
LG