Линкови за пристапност

Годишнина на нападот на Перл Харбор


Годишнина на нападот на Перл Харбор

Годишнина на нападот на Перл Харбор

Тоа беше неиспровоциран напад. На 7-ми декември 1941-ва, Царската јапонска морнарица ја нападна американската поморска база во Перл Харбор. Пет американски борбени бродови беа потопени или оштетени, неколку стотини борбени авиони уништени, и над 2.400 лица загинаа. Тоа беше најуништувачки странски напад на американско тло до 11-ти септември 2001-ва. На 70-тата годишнина од Перл Харбор, потсетување на историјата со две нови книги.

Историчарот Крег Ширли имал десетина години кога завршила Втората светска војна, но вели дека војната го следела додека растел.

„Растев во семејство, каде разговорите секогаш се лоцираа – пред, за време и по војната. Секој од моето семејство беше инволвиран директно во војната, како цивил или во армијата“, вели тој.

Претседателот Франклин Делано Рузвелт се опирал на приклучување на војната во Европа. Тој беше реизбран за трет мандат. Нацијата постепено излегуваше од Големата депресија.

„Франклин Рузвелт јавно им се обраќаше на американските мајки, дека нема да ги прати нивните деца се борат во европска војна“, се присетува Ширли.

Но, сето тоа се промени на 7-ми декември 1941-ва, кога Јапонија го нападна Перл Харбор. Во неговата книга „Декември 1941: 31 ден што ја променија Америка и го спасија Светот“, Ширли го посветува секое поглавје на еден ден започнувајќи со 1-ви декември.

На 8-ми декември, претседателот Рузвелт се обрати до заедничкиот состав на Конгресот со неговиот познат говор, кој почна со зборовите:

„Вчера, беше 7-ми декември 1941-ва, датум што ќе биде познат по лошо. САД неочекувано и намерно беа нападнати од поморските и воздушни сили на јапонската империја“.

„Се` запре околу еден часот попладне. Сите се собраа околу радијата, во нивните домови, во библиотеките, црквите. Имаше работилници за поправка на радио апарати низ цела Америка, и од таму радиата беа изнесени на улица за сите да го слушаат претседателот. Дури и берзите запреа“, вели Ширли.

Четириесет минути подоцна, Конгресот објави војна против Јапонија. На 11-ти септември, Германија објави војна против САД и Америка се вклучи во војната.

Стапувањето во војна ја измени Америка, вели Ширли.

„Жените градеа авиони, тенкови и научија како да војуваат“, вели тој.

Главниот град се изменил преку ноќ.

„Сите федерални згради добија дополнително обезбедување. Имаше зајакнати армиски сили пред Белата куќа, Конгресот и Стејт департментот“.

Додека Крег Ширли се фокусираше првенствено на тоа што се случи во САД, друга книга нуди меѓународна перспектива, и се фокусира само на 12 дена:

„Тие 12-те дена се централен дел од војната како целина и на 20-от век“.

Иван Мовдсли е професор по историја на Универзитетот во Глазгов. Тој ја напиша „Декември 1941-ва: 12-те дена што ја започнаа Втората светска војна“.

„Всушност, Јапонците ги нападнаа Британците пред инвазијата врз Перл Харбор, половина час претходно, кога извршија напад на Малаја, сегашна Малезија. Причината зошто извршија напад врз Перл Харбор е што сакаа да се осигураат дека американската морнарица не може да интервенира врз нивната инвазија во Малаја“, вели Мовдсли.

„Америка го смени односот кон војната по Перл Харбор“, додава тој. „Судбината на светот зависеше од европските сили, но по првите денови од декември, целиот конфликт стана глобален. Може дури да се каже дека тогаш започна глобализацијата.“

Мовдсли вели дека декември 1941-ва не само што е важен период, туку дека суштински го променил светот.

XS
SM
MD
LG