Линкови за пристапност

Пол Волерс: Мора да се најде решение за името


Пол Волерс: Мора да се најде решение за името

Пол Волерс: Мора да се најде решение за името

Во Конгресот се одржа распит за номинација на новиот американски амбасадор во Македонија


Во конгресната комисија за надворешни работи со која претседаваше демократската сенаторка од Њу Хемшир Џин Шахин се одржа распит за номинацијата на новиот американски амбасадор во Македонија Пол Волерс. Тој рече дека доколку биде потврден на функцијата ќе работи во насока на промоцијата на американските интереси, но и поддршка за македонските власти за економскиот растеж и искоренување на корупцијата во земјата.

Волерс повика на разумност од двете страни за прифаќање на взаемно прифатливо решение за името – проблем, кој како што рече, е пречка на патот за Македонија да влезе во ЕУ и НАТО.

Македонија се докажа на регионален и на глобален план дека активно учествува во меѓународниот мир, чии војници беа дел од коалициони сили во Авганистан и во Ирак, рече Волерс:

„Македонија беше една од најголемите придонесувачи по глава на жител во меѓународната мисија на ИСАФ во Авганистан. Учеството во глобалната и регионална стабилност ги одразува заеднички вредности и силното партнерство со Македонија“

На прашањето на демократскиот сенатор од Њу Џерси Роберт Менендез да го оцени поставувањето на споменикот на Александар Македонски на плоштадот во Скопје во време, како што рече, на голема невработеност во земјата и присвојувањето на хеленската култура, Волерс истакна:

Пол Волерс: Мора да се најде решение за името

Пол Волерс: Мора да се најде решение за името


„Ова е прашање што го надминува името, се работи за идентитетот. САД досега работеа, а ако бидам потврден на функцијата и јас ќе продолжам да работам со македонските и властите во Атина, преку тамошната амбасада, да им помогнеме на обете страни за напредок по ова прашање, да се создаде чувство за постигнување компромис, меѓусебно почитување на историјата, традицијата“.

Волерс потсети на успешно спроведените демократски избори во Македонија од 5-ти јуни, но изрази загриженост дека и натаму има проблеми во областа на владеењето на правото, независноста на судството и слободните и независни медиуми.

Волерс доаѓа од местото заменик-извршен државен секретар во Стејт департментот, а бил и директор на Канцеларијата за кавкаски прашања и регионални конфликти. Тој има директно искуство од Македонија – од 2004-та до 2007-ма бил заменик-шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Скопје. Бил и на дипломатски позиции во Букурешт, Москва и Никозија.

XS
SM
MD
LG