Линкови за пристапност

Почина пандата - младенче во Вашингтон


Радоста во главниот град траеше неполна недела.

Тажна вест од Националната зооолошка градина во Вашингтон: почина младенчето - панда кое инстантно ги освои срцата на многумина во главниот град на САД, а кое беше родено минатата недела.

Вработени во Градината вчера забележале дека мајката Меи Шенг се однесува вознемирено, по што ветеринарите се обиделе да го ренимираат младенчето, но било предоцна.
Од Градината велат дека младенчето цела недела било со добро здравје и не покажувало знаци на инфекција, што е чест проблем кај овие животни.

Меи Шенг се породи минатата недела, по пет претходни случаи на лажна бременост.

Раѓањето на панда во вештачки услови е реткост. Од 1972-ра - наваму, во Националната зоолошка градина во Вашингтон само уште едно друго младенче има преживеано повеќе од неколку дена. Случаи на младенчиња кои преживеале се забележани во зоолошките градини во Атланта, Сан Диего и во Кина.
XS
SM
MD
LG