Линкови за пристапност

Палм Спрингс - спокој за познатите


Спас од папараците со идеална клима за одмор – преку 300 сончеви денови во годината.

Ова монденско гратче се наоѓа околу 200 километри јужно од Лос Анџелес, и 230-тина километри североисточно од Сан Диего. Според последниот попис од 2010-та, таму живеат 45.000 жители, но бројката вртоглаво се менува за време на меѓународниот филмски фестивал.

Со сува клима, 300 сончеви денови во годината и просечна температура од 25 степени

Со сува клима, 300 сончеви денови во годината и просечна температура од 25 степени, Палм Спрингс е идеално место да уживате под сончевите зраци, но и во голф, коњички трки, возење велосипеди по планини или пак излети во пустината што почнува веднаш откако ќе заврши градот.

Околу 300 жители на Палм Спрингс се овековечени со ѕвезди на Патеката на славните во градот.

Заштитен знак на градот

Заштитен знак на градот

Палм Спрингс важи за популарно место за живеење на богатите и познатите од Холивуд, но и пензионирани Американци и Канаѓани. Туризмот е главен двигател на градската економија со 1,6 милиони посетители годишно, според стопанската комора на Палм Спрингс.

Посетителите имаат различни причини зошто доаѓаат во Палм Спрингс.

„Ноќниот живот и забавата во Палм Спрингс. Клубовите, но и меѓународниот филмски фестивал“, ни кажа еден минувач.

„Планинарањето во националниот парк Дрвото Џошуа“, или „Добро место за бегство од Сан Диего, на само два часа со автомобил“. Некои доаѓаат зашто „Луѓето се пријатни“. Други дошле заради меѓународниот филмски фестивал: „Доаѓаме 5-6 години по ред“.

Центарот на градот

Центарот на градот

На 22-годишна возраст во 1949-та, во еден клуб во Палм Спрингс, беше „откриена“ Мерлин Монро, од каде почнува нејзината блескава кариера.

Палм Спрингс има голема заедница на истополови двојки, и е меѓу првите 10-те градови во САД со најбројна таква заедница.

Уште пред Втората светска војна, Палм Спрингс важел за светска монденска населба, каде викендички имале Френк Синатра, Марлен Дитрих, Боб Хоуп, Лорета Јанг. Трендот продолжува и денес – тука прибежиште од папараците најдоа Леонардо ди Каприо, Хали Бери, Гвен Стефани, на само два часа од Холивуд.

Друштво им прават бројни европски тајкуни кои уживаат во бескрајните сончеви зраци и спокојот – среде пустината.
XS
SM
MD
LG