Линкови за пристапност

Парламентарна комисија смета дека САД и НАТО се одговорни за смртта на војниците од 2011-та

Пакистанска парламентарна комисија бара безусловно извинување од НАТO и од САД за воздушните напади во кои лани загинаа 24 пакистански војници долж границата со Авганистан. Обата дома на пакистанскиот Парламент се сретнаа да дебатираат за препораките на комитетот, кои треба да ги дефинира условите на новиот ангажман со САД и со НАТО.

Комисијата го означи ноемврискиот инцидент како „неиспровоциран“ и рече дека е „бесрамно кршење на пакистанскитот суверенитет“. Инцидентот ги влоши односите со САД, кои и онака беа заладени по тајната американска операција за убивање на Осама бин Ладен на пакистанска територија, како и поради нападите со бесполотните летала врз милитантите во северозападниот дел од земјата.

XS
SM
MD
LG