Линкови за пристапност

Писториус понудил пари на семејството на Стинкамп


Според обвинителот, Оскар Писториус понудил 34.000 долари на семејството на Рива Стинкамп, кое ги одбило парите

Обвинителот вели дека Оскар Писториус понудил 34.000 долари на семејството на неговата поранешна девојка Рива Стинкамп која ја убил, но семејството ја одбило неговата понуда.

Веста за понудата дојде во вторник, на вториот ден од распитот за Писториус во Преторија, Јужна Африка.

Обвинителот Гери Нел објави дека семејството на Стинкамп ја отфрлило понудата затоа што не сакаат „крвави пари“ од олимпиецот и параолиппиецот, кој што најден за виновен за убиството на Стинкамп во неговата куќа минатата година.

Нел исто така рече дека семејството ќе ги врати и помалите суми кои што ги примало од Писториус секој месец.

Обвинителот ја испрашуваше социјалната работничка Анет Вергер, која што предложи Писториус да биде пратен во домашен притвор наместо да биде испратен во затвор.

Вергер сведочеше дека верува оти Писториус со двете ампутирани нозе би бил мета на напади од затворениците, ако му ги одземат протезите за нозе.

Судијата Такозил Маспиа може да го осуди Писториус на 15 години затвор. Распитот за казната се очекува да трае неколку дена.

XS
SM
MD
LG