Линкови за пристапност

Само во Америка: Како да се извлечете од најлошо сценарио?


Само во Америка: Како да се извлечете од најлошо сценарио?
Само во Америка: Како да се извлечете од најлошо сценарио?

Серија прирачници за преживување во најнезгодни ситуации имаат одлична продажба во САД

Пред неколку години Дејвид Боргеникт од Филаделфија, Пенсилванија, бил книжевен агент. Еден ден, пролитал нешто што му дало идеја за книга што самиот би ја напишал. Заедно со пријателот Џошуа Пивин издава бестселер. Темата е – справување со ситуации на живот и смрт!

Написот во весникот што го инспирирал Дејви Боргеникт бил со совети за, на пример, како безбедно да се слета со мал авион ако пилотот се онесвестил. Почнал да размислува за ситуации што ги видел во филмови и телевизиски серии од кои на нормален човек му се крева косата на глава. Но се разбира, сосема друга приказна е кога супер-херој скока од моторцикл или автомобил во движење, или одбивање на ајкула што се подготвува да ве изеде – на филм.

Но, како би се справиле со такви ситуации обични луѓе? Како да му побегнат на алигатор или да преживеат ако не се отвори падобранот? Или, пак, да ја избегнат сигурната смрт од планинскиот лав?

Боргеникт и Пивин го напишале и издале Прирачникот за преживување на најлошо сценарио.

За само осум месеци продале еден милион примероци од прирачниот што доживеал препечатување уште десетина пати.

Ве брка убиец? Нема проблем. Загубени сте во пустина? Свртете на страницата 129. Сакатe да запалите оган, но немате кибрит? Не грижете се, за се` има решение, уверуваат двајцата автори.

Што ако се најдете на кров на воз во движење? Една сугестија е – Немојте да се исправате – зашто со тоа ги намалувате шансите за преживување.

Здраво-разумско размислување, но можеби понекогаш не сте во состојба да размислувате со здрав разум и добро е да имате прирачник што ќе ви се најде. Авторите објавиле серија прирачници, од како да се преживее одење во колеџ до - партија голф!

Ако мислите дека ова се корисни совети, следете ги, но прирачникот ќе го најдете во одделот за хумор во книжарниците.

XS
SM
MD
LG