Линкови за пристапност

Само во Америка: Онлајн регистри за подароци


Само во Америка: Онлајн регистри за подароци
Само во Америка: Онлајн регистри за подароци

Изнанадувањето при подарувањето е реликвија од минатото

Некогаш, многу одамна во Америка луѓето кои примаа подароци немаа поим што е завиткано во убавата хартија. Изненадувањето беше дел од радоста. Подарувачите избираа подароди со внимание, грижа и имагинација, и се надеваа дека примачите ќе ги ценат и чуваат.

Но, тоа беше пред нешто што се вика „регистер за подароци“ што особено стана привлечно за младоженци и идни мајки. Идната невеста или жената штоочекува бебе ќе отиде до локална продавница и ќе се регистрира. Ако и` се допаѓа одреден комплет за ручање или перница, или колевка – таа тоа ќе го стави на листата на посакувани предмети, и потоа ќе им каже на пријателите каде е регистрирана.

За подарувачите, ова значи дека не треба да мислат што би сакала среќната двојка на почетокот на нивниот заеднички живот, или што би бил идеален подарок за идното бебе. Тие избираат нешто од регистерот во продавницата под името на примачот на подарокот, и продавачот само го пречкртува предметот од листата.

Потоа дојде Интернет, и онлајн регистите почнаа да се појавуваат како печурки по пролетен дожд. Сега онлајн може да регистрирате секаква материјална желба – не само подароци што би сакале да ги добиете за свадба или раѓање на бебе, туку и желби за бар мицва, дипломирање, празници и пензионирање.

Дури и ако нема специјален повод, вашите желби или желбите на вашето семејство може да се на регистер, ако случајно некој сака да ви даде подарок. Токму тука, во кибернетскиот простор, што сите можат да го видат, може да објавите листа на тоа што отсекогаш сте го сакале, како видео што тешко се наоѓа за Џони, или можеби скап фотоапарат за Сузана.

Регистрите за подароди штедат време за купување. Тие го отстрануваат погодувањето од подарувањето. Но, и голем дел од привлечноста. Ова остава само малкумина кои се` уште инсистираат на изненадување при подарувањето. И го остава прашањето – Дали ќе и` се допадне тостеров? И дали уште ЈАС ќе и` се допаѓам?

XS
SM
MD
LG